Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев и Даниела Рангелова утринава излегоа на избирачките места и го остварија своето право на глас на референдумот. Данев е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот додека Рангелова е претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев заедно со својата сопруга го искористи своето право на глас на денешниот референдум.

Опозицијата партија не зазеде конкретен став за референдумот. Претседателот, Христијан Мицкоски, им порача на членовите сами да решат дали ќе гласаат или не.