Пратеничката група предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Собранието, денес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошески по член 273 и 274 од законот за кривична постапка.

Имено кривичната пријава до Милошески е поднесена затоа што на ден 06-07-2013 година како претседател за Комисијата за надворешна политика со поднесок заведен од Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија под број 14-4199/1 се обратил до Претседателот на Република Македоија д-р Ѓорѓе Иванов со барање за доставување на запосниците/списите водени за време на двете лидерски средби кои се одржале во јануари и мај 2018 година, а биле посветени на спорот помеѓу Република Македонија и Грција за уставното име на нашата држава, а знаел или согласно функцијата која ја извршува во моментот како и функциите кои ги извршувал во минатото морал да знае дека информациите содржани во записниците/списите кои ги барал согласно Законот за класифицирани информации може да имаат само лица кои поседуваат безбедносен сертификат, а кој приванениот не го поседува, па по доставувањето на бараните материјали од кај претседателот на државата лично на рака кај пријавениот Антонио Милошески кое доставување се извшило со плик на кој имало ознака строго доверливо Антонио иако увидел дека станува збор за строго доверливи материјали и знаел дека нема безбедносен сертификат го отворил пликот се запознал со содржината на материјалот и ги споделил информациите на јавна седница на Комисијата за надворешна политика, која се одржа на 25.07.2018 година.

 

Милошоски со горните дејствија сторил кривично дело Оддавање државна тајна според Кривичниот законик.

Останува на обвинителствтвото дали ќе биде прифатена пријавата како кривично дело Оддавање на државна тајна, или можеби ќе биде и преквалификувана како друго дело.

Минатиот месец на 25 по завршувањето на Комисијата за надворешна политика, пратеничката група предводена од СДСМ најави дека ќе поднесе кривична пријава против Милошоски.