Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали.

Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк која направила фотографии од легитимирањето на скопјанката со марихуаната. Полицајците и неа ја легитимирале и побарале да ги избрише фотографиите за што новинарката вели дека ќе го извести Здружението на новинари на Македонија.

Полицајците ` објасниле дека ја следеле девојката. Утрово ја побарале дома, но не успеале да ја најдат па се обиделе да ја пронајдат на фестивалот „Конопфест“, кој попладнево се одржува на Школка во Градски парк. Фестивалот поддржувачите го опишуваат како бoрба за декриминализација на канабисот во Македонија.

Вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“ скопјанка, која се претстави како судски преведувач, објави видео во кое пуши цигара на улица Скопје и опишува дека марихуаната ` помага да го почне денот.