Собранието на Република Македонија и Демократска контрола врз вооружените сили (ДКАФ) денеска ќе потпишат Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“, како дел од програмата за реформа на разузнавачкиот сектор во Република Македонија 2017 – 2020. 

Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Собранието Талат Џафери и директорот и амбасадор на ДКАФ Томас Гурбер.


Извор: МИА