Денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 19 степени.