Предмалку Антонио Николоски, син на исчезнатата Весна Николоска по која се трагаше изминатите три дена напиша дека потрагата е завршена, пронајдено е телото.

Според билтенот на МВР денеска(19.12.2020) во 09.15 часот во водите на езерото кај рудникот „Сивец“ во Прилеп било пронајдено телото на В.Н.(50) од Прилеп, за која нејзиниот сопруг Т.Н.(51) на 17.12.2020 пријави дека се оддалечила од домот. Увидот бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.