Новинарот Сунаи Сабриоски, предмалку на својот ФБ профил реагираше на прес-конференцијата на Борче Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Докторе многу се избрукавте и себе си и партијата која стои зад вас додека треперите во обид да го задржите листот читајќи тоа што ви напишале. Срамота и тоа не знаете да го прочитате, ве спука трема, се тресите, се препотувате. Што ви е интенцијата со пренагласувањето на населбата Тризла? Тоа што најголем број таму живее ромско население па ги ставивте во категорија на потенцијални жаришта кои ќе ја прошират пандемијата? Па кај истите ќе тропните на врата за да ги молите за гласови! Ќе агитирате со комбиња, дел од нив ќе ги уценувате – па не ве плаши тоа дека Тризла е според вас потенцијално жариште а ноншалантно ќе пратите полтрончиња да им ги собирате гласовите? Што е, ќе им ветите асфалтирани улици, подобар социо-економски статус, ќе им продавате магла дека овие од СДСМ не ги бива а демек вас многу ве бива и затоа ќе треба да гласаат за вас наместо за тие кои ќе бидат наспроти вас и ќе војувате за нивните гласови кој да ги собере?

Па како ќе отидете кај Ромите ако ги гледате како потенцијално жариште? Зарем не ве плаши тоа бе докторе? Да ви одговорам, Тризла не може да е жариште, може Прилеп да е жариште а тоа најмногу како термин го милувате да го изговорите. Дај бе соберете се прекинете со ваквите реторики, дај бе оставете да живееме. Дај бе не кревајте паника и не ширете говор на омраза, прекинете со таа глупава дискриминаторска индиректна порака, тоа ли ги учите вашите внуци дека во Тризла е потенцијалот за ширење на коронавирусот? Докторе, дај извинете и се на населбата доволно ја стигматизиравте со потегот, срамота е не ви доликува на статусот ако воопшто го имате во општеството.

Да ти одговорам јас наместо градоначалникот, и кога ти би бил градоначалникот во ваква состојба ќе бидеш распаднат како и економијата а тоа не е како последица на градоначалникот, пробувам да ви укажам дека пандемијата не познава градоначалник од редовите на СДСМ или ВМРО – ДПМНЕ. Бидејќи ги обвинувате овие од СДСМ дека делеле пакети, па и вие да сте биле сега градоначалник ќе се исповуавте да делите пакети за да кажете дека се грижите за граѓаните, нели? Дали сериозно ги делите лужето на заболени од КОВИД – 19 на заболени роми, македонци, албанци и така натаму, ако е така имате сериозен проблем со себе си и како таков претставувате опасно жариште за разгорување на етнички страсти кои не треба многу за да пламнат!

Опрајте се, не заборавајте дека ќе треба да ги малтретирате жителите во населбата Тризла за гласови, ако одите таму носете скафандер, заштитна маска, ракавици бидејќи можеби ќе ве заразат па ќе ви нема лек, а во таков случај ниту ВМРО – ДПМНЕ, ниту СДСМ ќе може да ви помогне а ниту овој министеров Филипче.

Терајте си агенда, но имајте во глава дека вакви етикети и дискредитирања не ви се во полза, особено сега пред избори!

Јовчески, останете во добро и чувајте се, внимавајте на следниот прес да ни ве летне листот па нема да знаете што да кажете. Со среќа на избори!” напиша Сабриоски.