Тоа што Христијан Мицкоски денеска одби директно да одговори на новинарското прашање всушност самиот потврди и призна дека единствено нешто за што се залага и го бара ВМРО-ДПМНЕ е амнестија за криминалот, реагират со соопштение СДСМ.

Македонија му кажа збогум на криминалот и црното минато, сега чекори кон ЕУ и НАТО, а таму важат поинакви вредности и правила од оние за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ.Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.

На Мицкоски веќе треба да му е јасно дека амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите.Без разлика на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на 30 септември, ќе ја искористат историската шанса за напредок.

Ќе ја реализираат патриотската заложба на многу генерации, Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО со зачуван и зајакнат македонски идентитет.Никој нема да ја закочи македонската иднина, се вели во соопштението од СДСМ.