Платите во Македонија растат, со растот од 5,6 проценти во март оваа година се потврдува успешноста на економските политики, тврди владејачката партија,која преку соопштението упатено до јавноста се осврнува на економските политики што ги предводи.

„Трендот на растот на платите во Република Македонија продолжува. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена за месец март е за 5.6 отсто повисока во однос на месец март 2017 година. Просечната плата во првото тромесечие од 2018 година е за 4,9 отсто повисока во споредба со истиот период од минатата година. Ова е уште една потврда дека Законот за минимална плата го дава посакуваниот ефект и дека се отвори спиралата на раст на платите. Македонија се стабилизира на економски план, а најголемa придобивка од тоа имаат граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Пртијата на власт додава дека за 11 месеци новата Влада успеала да креира позитивна економска клима. Забележани се, како што велат,  раст на просечната и минимална плата, јавниот долг е намален и се забележува зголемување на животниот стандард како резултат на владините реформи.