Претседателот на каталонскиот Парламент Роже Торен го предложи Жорди Санчез, кој е во притвор, за премиер на автономната област откако Карлес Пуџдемон ја повлече кандидатурата.

Санчез (53) има малку шанси да стане премиер на Каталонија поради поделбите во сепаратистичкиот кампус, оценува АФП.

Во соопштението од Парламентот се наведува дека Спикерот го предложил Санчез откако се консултирал со сите пратенички групи и утврдил дека тој ужива најголема поддршка.

Засега не е утврден датум за седница на која парламентот ќе гласа за кандидатурата на Санчез, кој е обвинет за бунт. Тој се смета за претставник на тврдото јадро приврзаници на независност на Каталонија, кои прогласија „Република Каталонија” на 27 октомври минатата година.

Сепаратистичките партии имаат апсолутно мнозинство од 70 мандати во 135-члениот парламент.

Од 27 октомври, Каталонија е под директна управа на шпанската централна влада, и ќе остане така се додека не се избере нов лидер на Каталонија.

Централната влада ја отфрли номинацијата на Санчез, јави ДПА.