Најмалку 30 лица загинаа во нападите на амбасадата на Франција и Генералштабот на армијата на Буркина Фасо, кои се случија во главниот град на оваа држава.

Според извори од здравствени установи, најмалку 85 лица се повредени. Според податоците на владата, силите успеале да елиминираат шестмина напаѓачи. Главниот град Уагадугу рано утринава бил потресен од експлозии и пукотници, за кои официјалните лица изјавија дека „имаат форма на терористички напад“ и дека напаѓачите се „тешко вооружани“.

Според очевидци, од автомобил излегле повеќемина вооружени мажи и отвориле оган кон француската амбасада притоа извикувајќи „Алах акбар“. Уагудугу во последниве години најмалку двапати беше цел на исламисти кои напаѓаа странци.

Во август минатата година во напад на ресторан загинаа 18 луѓе, додека во јануари 2016 година екстремистите убија 30 луѓе во популарно кафуле во градот.