До термин за фотографирање за лични документи речиси невозможно е да се дојде. Граѓаните се жалат дека постојано ѕвонат во контакт центарот, но безуспешно. Телефонските линии се блокирани и речиси никој не успева да стигне до оператор за закажување на термин, пренесе Скопје 1.

За ова знаат и во МВР од каде во изминатите денови посочија дека проблемот е што во исто време ѕвонат стотици граѓани, поради што, линијата се блокира. Задачата за резервација на термини ја извршува надворешна фирма.

Не работни ниту системот за закажување преку веб. Иако дозволува да се избере датум и слободно време од понудите, на крајот информациите не ги испраќа до серверот и појавува грешка. Ова е вака со месеци. Граѓаните се револтирани и бараат начин како да стигнат до патна исправа за покус период.

Сега, повеќе нема вадење пасош без термин како што беше до пред една недела. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја укина можноста оти пред пунктот „Пролет“ имаше гужви, граѓаните чекаа од рани зори, а некои од нив никогаш не стигнаа до документ

Дополнителен проблем е што снемува обрасци за пасоши.

Соговорничка за Либертас изјави дека се сликала кон крајот на Јануари, но и рекле дека пасош ќе добие за два месеци со образложение дека немало обрасци за пасошите.