Советник на една политичка партија во општина Гази Баба врши притисок на гласачи кои го користат своето право на глас на денешниот референдум.

Имено на фотографијата е советничката Милка Видоевска која што ги контролира гласачите, членови на една политичка партија. Оние гласачи кои веќе гласале ги нарекува со погрдни зборови, а оние кои одат да гласаат ги одвраќа со зборови дека нејзината партија ќе се врати и пишман ќе бидат што гласале.

Фотографијата е направена во близина на избирачко место во Хиподром, општина Гази Баба.