Мохамед Салах мора да биде прогласен за најдобар играч во Премиер Лигата, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Египќанецот се запиша по 32-ри пат во кампањата, постигнувајќи гол при победата од 2:0 против Њукасл и веќе има 24 гола во првенството, со што се израмни со Хари Кејн на врвот кај најдобрите реализатори.

Освен Кејн, и Кевин де Бруин е поврзуван за кандидат за наградата, но за Клоп, Салах би бил сосема заслужен победник.

– Нема сомнение дека Кевин де Бруин има многу добра сезона, но истото важи и за Мо, како и за другите играчи. Хари Кејн и Роберто Фирмино исто така не се лоши, како што би рекле некои луѓе, а Давид Силва е неверојатен. За мене, индивидуалните награди се ирелевантни, а јас не сум оној што ќе одлучи. Но, јас ги почитувам, и ако Мо освои таква награда, тоа ќе биде целосно заслужено. Ние само треба да продолжиме да играме силно и да бележи, рече Клоп по победата против „страчките“.

Германецот смета дека неговиот тим требал да добие и пенал за прекршок против Салах од Ласелс.

– Во првата ситуација пеналот е апсолутно чист. Сепак, фудбалот е тежок спорт за раководење, но за мене ситуацијата е јасна. Потоа не разбирам како судијата не го избрка Ласелс за судирот во додаденото време. Тоа е апсолутен црвена карта, додаде Клоп.