Стихови од македонскиот книжевник Стефан Марковски беа застапени во меѓународната поетска антологија Hibiscus: Poems that Heal and Empower, објавена во Калкута, Индија.

Стиховите насловени „Вселените што дишат радост“ (анг. The Joy-Breathing Universes), дел од стихозбирката „Сиво сјаат вселените“ се вклучени во антологијата по покана на познатиот индиски поет, Кирити Сенгупта, главен и одговорен уредник.Препевот на англиски јазик е дело на авторот.

Темата на антологијата е втемелена на одговорот на прашањето – дали и до која мера може да се определи исцелителната моќ на поетската реч во услови на глобална здравствена и духовна криза?Во антологијата се вклучени песни од 103 поети од целиот свет, а покрај Сенгупта, во нејзиното уредување учествуваа уредници од САД и Индија.