Како што 4. мај е посебен ден за сите фанови на серијалот „Војна на ѕвездите“, така 10. март е специјален за фановите на Супер Марио.

Во чест на Супер Марио, Гугл подготви изненадување во апликацијата „Maps“. Компанијата подготви апдејт кој иконата за локација на мапите ќе ја замени со слика од Марио како го вози својот картинг.

Овој новитет ќе биде достапен една недела, а за Марио да ве вози низ мапите, потребно е да ја имате најновата верзија од апликацијата.