Благодарение на оние кои веруваат и се борат, и даваат сила дека има многу уште во нас…

Ете овие луѓе вредат да се чуваат..И даваат сила, даваат енергија да продолжиш..

Не запираат ни кога вирусот напаѓа да запрете..
Течат обуки на над 900 сестри он лајн, со 20 врвни обучувачи по 7-8 обуки на ден, он лајн, по 3 часа по 4 часа, за секое прашање, за секоја постапка.. Се прават протоколи, се пренесуваат постери за вистински насоки, се направија видеа, се прават директни препораки и организации по други општи болници, припреми на Ков центри, координација меѓу сестрите, се спроведуваат крос тренинзи на интензивните лекувања за основен пакет постапки за вакви пациенти,сестри активно едуцираат додека имаат куп работа,секоја со плус задачи, се прават хамери со нацрти, се прават проекции за сестри потребни за испомош и ротации, се пишува до доцна во ноќта за разни искуства и потреби, се шијат маски, се купуваат материјали, ластици, се пренесуваат машини за шиење, се ангажираат луѓе кој сакаат да соработуваат да помагаат….

Се се прави ако се сака да се помогне..
Затоа благодарам на сите што помагаат, што се свесни дека ако се вклучат само можат да помогнат да ја победиме глупавава болест, Благодарам на прекрасните луѓе од ИО на КЗРСМ за средувањето на тековните работи со Комората, се извинувам ако не успеам на сите да одговорам, се извинувам што немам ни пола час слободно време да се посветам на моите најблиски, што сум цело време негде некаде со некого правам нешто….А додека сум меѓу нив не сум со нив..

 

Но верувам дека ако сите ја намалиме суетата и се впуштиме да помогнеме од било кој аспект, ќе победиме … Имаме опасен многу опасен непријател..
Кој се прави неопасен.. А тоа е најопсното.. Да го потцениш непријателот..

Колку побрзо суетата и лошиот јазик и мисла ги тргнеме, толку побрзо ќе се опоравиме…
И нормално ЗАШТИТА ЗА СИТЕ, ЗАШТИТА ЗА СИТЕ НАС, БЕЗ СООДВЕТНА ЗАШТИТА И ВИСТИНСКИ НАЦРТ НА РАБОТЕН ПРОЦЕС НЕМА УСПЕХ.

Затоа стојам на сите нас на располагање за се што треба да се помогне и да се направи.
Борбата не е само на Инфективната клиника, се шири, борбата е сега во сите здравствени установи, меѓу нас, кај нашите работни места.

Затоа додека не не голтнала, активни сите, претпазливи сите, да научиме, да се поврземе и да победиме… Колку побрзо сфатиме, толку побрзо ќе ја победиме..

Благодарам Aleksandar на довербата, остануваме до крај такви..

 

Вики Котевска, Претседател на комора на здравствени работници со средно, вишо и високо образование.