Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу добро што кинескиот претседател Си Џинпинг ќе може доживотно да ја извршува функцијата.

Тој се пошегува дека и САД треба да преземат реформи и да овозможат такво сценарио.

Трамп на синоќешната донаторска вечера на републиканците во Флорида истакна дека Џинпинг „сега е доживотен претседател“.

– Успеа (Си) тоа да го направи. Доживотен претседател. Сјаен е… Мислам дека тоа е сјајно, наведе Трамп, додавајќи оти и САД „деновиве би можеле да се обидат такво нешто“.

Тој за време на вечерата ја критикуваше Хилари Клинтон, истакнувајќи оти ирачката инвазија е „најлоша одлука кога било донесена“.