ЈП „Улици и патишта“ започнаа со изведување на 3Д пешачки премини во главниот град.

По углед на современите земји, ЈП „Улици и патишта“ започнаа со бележење на 3Д пешачки премини во главниот град.

Овие пешачки премини се многу повоочливи од класичните и создаваат оптичка илузија на тродимензионалност на патот, па возачите ја намалуваат брзината.

На улицата „Самоилова“ кај Музејот на современа уметност, јавното претпријатие „Улици и патишта“ за прв пат исцрта 3Д пешачки премин.

Целта е пешаците и возачите полесно да ги приметат и да ја користат оваа хоризонтална сигнализација пешаците за поминување, а возачите да застанат.

Во наредниот период ќе се бележат со 3Д пешачки премини уште неколку улици, по што ќе се продолжи со премините на булеварите.

„Преминот создава чувство кај граѓаните дека на улицата има подигнат премин што ги наведува да ја намалат брзината“, вели Сенад Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“.

По планот, се предвидуваат тродимензионални пешачки премини и на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров, каде минатата недела беше прегазено дете, како и низ другите улици булевари со голема сообраќајна фреквенција.

Останува да видиме со каков квалитет и трајност ќе бидат изведени овие работи и дали воопшто ќе има влијание врз безбедноста на сообраќајот, а пешаците ги потсетуваме улиците да ги преминуваат токму на овие пешачки премини и правоаголно, а не каде ќе им текне и дијагонално, како што им е секојдневната пракса.