Од утрово на социјалната мрежа Facebook, се појавија повеќе профили на Петре Шилегов.

Го контактиравме градоначалникот на Град Скопје, Шилегов кој за револуционер кажа дека не се тоа негови профили.

“Јас сум активен на Facebook, со еден личен профил и дополнително има и Фан страна како Градоначалник на Град Скопје, во денови на предизборие јасно ми е, повеќе пати и јавно имам кажано дека моите политички противници сакаат да бидат Петре Шилегов, па и не сум многу изненаден. Добив информација за овие лажни профили и ги пријавив се разбира, ..”, изјави Шилегов.

Во предизборие оваа појава е се почеста, да се креираат нови профили на политичарите.