Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека очекува вакцинацијата ќе почне од среда во клиничкиот центар.

Тој рече дека во најкус можен рок вакцинацијата добиена од Србија ќе ги помине потребните процедури низ институциите.

Филипче им се заблагодари на Српските власти за помошта во вакцини.

Денеска на граничниот премин Табановце пристигна првата пратка од 4800 вакцини од планираните 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ги отстапи Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.

Претходно тој на својот фејсбук-профил информира дека фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени.

„Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди“, напиша Филиче.