Кањарт Чаичан на својот Фејсбук профил објави фотографија од своите тетовирани веѓи, жалејќи се на лошата тетоважа на неискусната тату-мајсторка.

Девојката од Тајланд се жалеше дека нема доволно пари за да направи корекција на тетоважата, но една козметичарка сепак одлучи да 1 подари третман вреден 1.000 долари.

– Ова е екстремен случај на лошо направени веѓи. Ќе дадам се од себе за да ги поправам, но резултатите ќе бидат видливи дури за неколку месеци, вели козметичарката и предупредува добро да ја проверат работата на лицата на кои им ја даваат довербата за вакви зафати.