Споменувањто на фри-шопот кој во времето на ембаргото на Србија од тогашното раководство на МВР го добил сопругот на Силјановска Давкова, Благоја Давков, додека таа била министер без ресор во владата на Црвенковски внесе нервоза кај Силјановска Давкова која гласно реагираше дека таа немала фришоп на нејзино и бараше од Пендаровски да биде џентлмен.

Пендаровски остана на тврдењето дека нејзиното семејство кога била министерка добило фришоп споменуваќи дека дневниот промет бил милион марки на што таа реагираше со смеење.

Сепак јавна тајна е и објавувано е дека таа била една од привелегираните во владата на Црвенковски која како министер добила фришоп.