Шефот на воениот комитет на НАТО, чешкиот генерал Петр Павел негираше дека Русија е подготвена да предизвика поголем вооружен судир. Тој предупредил дека Москва настојува да го убеди светот дека нејзиниот модел е подобар од либералната демократија и дека руската доктрина не разликува мир и криза, туку верува во постојан судир, кој се менува само во интензитетот и средствата кои ги користат страните.

„Русија не прави разлика меѓу мирот, кризата и војната. Руската доктрина во суштина зборува за постојан судир, кој се менува само во интензитетот и срадствата кои се користат. На сегашната состојба, Русија гледа како на информативен судир со користење на кибернетски средства, социјални мрежи, пропаганди и неточни информации, но исто така и разни обиди да влиае на политички план“ рекол Павел.

Шефот на воениот комитет на НАТО изјавил во интервју за чешката новинска агенција ЧТК, дека не гледа дека Русија е насочена кон тоа да предизвика некој голем регуларен вооружен судир. Според него, нагласокот што Русија денеска го става наместо класичниот вооружен судир на различни методи на конфликт, како што се сајбер нападите, не значи дека НАТО не треба да биде подготвен и за воена одбрана на своите членки.