Чешкиот претседател Милош Земан остро ги нападна косовските власти, нарекувајќи ги наркомафијаши кои што заработуваат од спроведување на воени злосторства.

Земан во обраќањето од истокот на Чешка, порача дека првите луѓе на нашиот северен сосед Косово се „наркомафијаши кои што се финансираат од воени злосторства“, по што лично доби подарок од српски државјанин во знак на благодарност што одбива да се сретне со косовските власти и да именува чешки амбасадор во Приштина.

„Дајте ми го тоа. Ова е еден вид на ракија. Отсекогаш за тие претставници (на Косово) сум зборувал како да се претставници на наркомафијата која што се финансира од воени злосторства. Тоа мислам дека е доволно“, изјави Милош Земан откако го доби подарокот од Србинот.

Додека чешкиот претседател Милош Земан често практикува да ги посетува сите места ширум Чешка, речиси секогаш има собири на луѓе кои што протестираат против него и тврдат дека се срамат што еден таков човек е претседател на Чешка.

Чешката опозиција е во голема конфронтација со Земан за кого што тврди дека ја одвлекува земјта од западните идеали и сојузници и ја влече Чешка на исток кон Русија. Токму ваквите вести ги пренесуваат и само про-руските медиуми во државата.

Инаку, Земан често знае да се пресметува и со критички настроените новинари и медиуми против него. Неодамна, неговите симпатизери на митинг го прашаа како планира да се пресмета со новинарите на чешката телевизија „ЧТ“ кои што јавно го критикуваат Земан.

„Знаете, мислам дека најдобро е воопшто да не се расправате со нив. Иако, јас имам впечаток дека неколку шлаканици би биле соодветни за нив“, изјави чешкиот претседател Милош Земан.