Ова е втор таков случај во последните неколку месеци, јавува „БиБиСи“.

„Нема оправдување за големата непријатност која им ја приредивме на нашите патници“ – изјавил машиновозачот, кој во петокот по грешка помислил дека возот од станицата Нотогава требал да крене во 7:11, наместо во 7:12 часот.

Својата грешка ја приметил дури откако ја затворил вратата. Сепак иако можел повторно да ја отвори, се одлучил да тргне бидејќи на станицата не видел никој.

Јапонските возови се познати по својата точност, па се покажало дека имало патници кои се надевале дека ќе успеат да стигнат да го фатат возот.

Бидејќи виделе дека задоцниле, тие му се пожалиле на машиновозачот, кој потоа на сите им упати јавно извинување.

Слична ситуација се случи и во ноември минатата година, кога возот на компанијата Цукуба експрес на линијата Токио-Цукуба наместо во 9:44 и 40 секунди, тргнал во 9:44 и 20 секунди.

На социјалните мрежи веднаш се појавија шеговити коментари.