Пцости, клетви и закани до судиите упатуваат насобраните луѓе пред кривичниот суд, реагираат по изречената пресуда затвор за експремиерот Никола Грувски.

Граѓаните се обидоа да ја турнат заштитната ограда пред судот, но беа спречени од кордонот полиција.

„Предавници и платеници“ извикуваат насобраните граѓани пред судот.

На поддржувачот на Никола Груевски, бате Геле, му се слоши пред судот, откако претходно со солзи во очите ја дочека пресудата.

Ивица Коневски и Коце Трајановски, кои беа присутни, си заминаа од пред кривичниот суд. Не дочекаа заедно со демонстрантите да ја слушнат пресудата.