Кандидатот за пратеник на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ во шестата изборна единица, Талат Џафери е убеден дека еднаш засекогаш ќе бидат отстранети всадените предрасуди и стереотипи во широкиот менталитет дека Албанците не можат, не знаат и немаат право.

-Благодарение на оваа поддршка, меѓутоа и на целосната доверба на лидерот Ахмети, јас ви се обраќам како прв Премиер Албанец и истовремено, како кандидат за пратеник.

Ви се обраќам со мирна совест, затоа што тоа што го ветив кога ја преземав одговорната должност на Премиер, го спроведував и продолжувам да го спроведувам доследно. Работев посветено и професионално. Убеден дека ќе ги отстраниме еднаш и засекогаш всадените предрасуди и стереотипи во широкиот менталитет дека Албанците не можат, не знаат и немаат право!

Не ве разочарав ниту вас, ниту граѓаните на Република Северна Македонија.

Премиерот за сите ќе води сметка за продолжување на политиките и ставовите на безбедноста и надворешната политика унифицирана според НАТО. Продолжување на унифицираните безбедносни надворешно-политички ставови со Европската Унија, за спречување на руското влијание во Северна Македонија и за одржување на стретешкото партнерство со САД“, рече тој.