Светскиот рекет број 2, Карлос Алкараз, порача дека неговата цел за 2024 година е олимписката титула, која му е поважна од евентуалната победа на Ролан Гарос. што ги

Момчето од Мурсија, изјави дека би сакал да ги освои двата трофеи, но ако треба да избере еден би ја избрал олимписката титула во Париз 2024 година. .

„За мене е сон да освојам медал за мојата земја, а олимпиското злато е една од најголемите работи во спортот воопшто. Би сакал да ги освојам двете титули, но кога би избрал една годинава, повеќе би сакал да го освојам златниот медал на Олимпијадата“. – одговори Алкараз

Младиот Шпанец оваа недела се наоѓа во Буенос Аирес каде ја брани титулата на АТП турнирот од серијата 250.