Поранешната министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи им се обрати на жителите на Дебар и Центар Жупа, говорејќи на три јазици, македонски, албански и турски.
-Дебар и Центар Жупа, со вас сме, не сте сами! Држете се до упатствата, смирено, ќе го пребродиме ова!
Поранешната Министерка во оваа пригода не објасни на кој начин опозицијата учествува во справувањето со глобалната пандемија, особено поради критиките во јавноста дека ширењето на лажните вести и креирањето на паника помеѓу населението се должи токму на субверзивните активности на опозицијата.
Ова е време на сериозни политики и одлучни решенија во кое нема простор за политиканти кои ќе прочитаат една иста реченица на три различни јазици.