Технолошкиот гигант Епл објави нов ајПад кој е специјално наменет за училиште. Новиот производ беше претставен на голем настан во Чикаго.

Таблетот е со големина 9,7 инчи и чини 299 долари за ученици и училишта, а цената за сите останати е 329 долари. Тој го поддржува електронското пенкало на компанијата.

Новиот уред ќе поддржува различни програми поврзани со образованието.

Во моментов, производите на Епл претставуваат 17% од сите технолошки уреди што ги користат американски студенти од градинка до средно училиште.

Компанијата, исто така, објави нова апликација за училишна работа, која ќе им користи на наставниците. Тие ќе можат полесно да доделуваат задачи и да го следат напредокот на учениците.

Друг различен аспект е дека Епл подаруваат 200 гигабајти облачен простор на секоја училишна сметка (стандардните потрошувачи на компанијата добиваат пет гигабајти).

Технолошките медиуми пишуваат дека со новиот, поевтин таблет, Епл се обидуваат да навлезат подлабоко во образовниот систем, и во исто време можат да ја зголемат побарувачката за уредот. Таблетите не се особено популарни во последниве години.