Нема сомнеж дека неверството боли, но науката вели дека жени што биле изневерените се психички посилни и во иднина прават помудар избор во своите врски.

Според доктор Крег Морис, психолог од универзитетот Бингамтон, вистинскиот губитник во случаите кога сопругот е неверен, е всушност другата жена, која добила партнер склон кон неверство.

Изневерената жена мора да мине и период на тагување, но на крајот ќе излезе како поискусна личност, која развиваат посебна способност, „радар за препознавање партнер со пониска вредност“, вели доктор Морис.

Од друга страна, врската меѓу мажот којшто изневерил и жената со којашто ја изневерил својата партнерка, најчесто не успева.