Фудбалерите на Рома вечерва го играат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите – гостуваат на „Енфилд“ кај Ливерпул.

„Не сме случајно во полуфиналето и горди сме на ова што го постигнавме. Подготвени сме да одиграме два одлични натпревари, затоа што ништо нема да се одлучи на првиот натпревар“, изјави Александар Коларов и додаде:

„Ќе видиме колку можеме, но колку и да е ова тешка фаза, толку и ние уживаме што сме тука“, изјави Александар Коларов.

Рома се пласираше во полуфиналето откако ја елиминираше Барселона, додека пак Ливерпул беше подобар во двомечот против Манчестер Сити.