По последните обвинувања на сметка на композиторот Златко Ориѓански, на својот ФБ профил одговори на нападите:

“Јазикот е наша татковина

1. Сношти, сите наши Тв дневници, започнаа со веста дека премиерот на една земја, слуша таљанска песна, препеана на македонски јазик. Ок, можеби вистински му се допаѓа. Зошто сметам дека ова е на некој начин, терање мајтап?

2. Официјално, една соседна земја не признава постоење на македонски јазик.

3. Премиерот и политиката на истата земја, стои зад ова непризнавање на македонскиот јазик

4. Зошто сме тогаш толку воодушевени оти тој човек слуша песна на македонски јазик?

5.Првата и главна грешка која ја прават Македонците во однос на својот јазик е барањето тој јазик некој да го признае. Која е потребата некој да ви признае јазик, ако ние сме свесни дека таков јазик постои и истиот тој произведува нова литература, односно е наше средство за комуникација.

6. Дали познаваме некој друг народ на светов кој побарал неговиот јазик да биде признат? Таков народ, нема

7. Ние како народ, немаме никаква потреба да трчаме по секого влечејки го за ракав, да признае, да каже дека постоиме, ами обратно, ние треба да сме свесни дека постоиме. Ние треба да произведуваме нови дела на тој јазик, ако сакаме јазикот и ние заедно со него како народ да преживееме, наспроти цивилизацијата на 21 век која немилосрдно меле се што е слабо и недоволно уверено во своето постоење.”

 

ФБ статус на Златко Ориѓански