Cute woman lying on her stomach on the bed and sleep . Wearing stylish black lingerie and striped boyfriend shirt.

Од почетокот на пандемијата, степенот на клиничка несоница се зголемил за над 35 отсто, а меѓу 50 и 75 проценти од луѓето бележат промена на своите рутини за спиење, покажуваат податоците на Шпанското Невролошко здружение, пренесува весникот „Ла Вангардија“.

Несоницата не е специфична само за одредена возраст и може да мачи секаков тип на луѓе, поради што многумина се обидуваат различни методи за да може да се постигне ниво на сон што побрзо за луѓето да може да бидт што поодморени.

Како што пренесува британски „Мирор“, постои техника што се употребува во американската војска којашто овозможува да се заспие за 120 секунди, при што овој метод има успешност од 96 проценти по шест недели практикување.

Ова се четири едноставни чекори што треба да ги направите:

  • Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи ја и вилицата, јазикот и тие околу очите
  • Пуштете ги рамената да пропаднат во креветот и опуштетете ги внатрешниот и надворешнбиот дел на рацете
  • Дишете мирно, држејќи ги градите мирни и релаксирани
  • Опуштете ги горниот и долниот дел од нозете и стопалата

Овој метод за лесно заспивање стана популарен на социјалните мрежи откако беше споделен од специјалистот за фитнес Џастин Агустин, кој има 1,7 милиони фанови на ТикТок, но претходно, овој метод се споменува и во книгата „„Relax and Win: Championship Performance“.

За подобро функционирање на техниката, авторот на книгата, Лојд Бад Винтер, препорачува да се ослободи умот од секаков стрес и десетина секунди да се замислите на некое совршено мирно место – како на пример кану на мирна вода со само сино небо над вас или мрежа за лежење во темнина со само ѕвездено небо над вас; или пак, десетина секунди да си ги повторувате зборовите „немој да мислиш“, „немој да мислиш“, „немој да мислиш“.