Некои од Русите кои го одбележаа роденденот на претседателот Владимир Путин минатиот викенд, дефинитивно не му посакаа добро. Активисти во неколку градови имаа критички пораки кон Путин кој на 7 октомври наполни 66 години.

Во неговиот роден град Санкт Петерсбург активистите истакнаа голем банер на централната улица посакувајќи му на Путин „доги години затвор“. Активистите со темна облека и бели капи привлекоа внимание со банер со ракети и обоен чад.

Полицијата уапси 11 лица, најмалку еден за кој владините критичари велат дека не бил вмешан во трикот на протестот.

Во Казан – главниот град на регионот Татарстан, полицијата уапси тројца тинејџери кои се обиделе за закачат банер на мост на кој пишувало „среќен роденден лажго и крадец.“