ТОЧНО е дека премиерот се вози во возилото “Мерцедес” S класа, одземено од криминален случај.

ТОЧНО е дека Оливер Спасовски е единствен премиер во регионот кој се вози во одземено возило, додека други функционери од државите во регионот такво нешто не ни помислуваат.

ТОЧНО е дека и Зоран Заев, додека беше премиер, извесно време и тој се возеше во ОДЗЕМЕНО возило кое не беше купено 600 000 € и немаше монитори за задните седишта, туку беше ДОНИРАНО од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

ТОЧНО е и дека УПРАВАТА ЗА САНКЦИИ раководена од Јовица Стојановиќ беше затекната во таква ситуација што немаа возило за да вршат спровод на затвореници на релација затвор – суд – затвор, па ние како Агенција со помош на Владата помогнавме и таму.

ТОЧНО е и дека колку што се сеќавам на болницата во КРАТОВО покрај многу други болници дониравме две возила, бидејќи, како што кажа директорката, пациентите во полесна и во потешка состојба се транспортирале во седечка положба.

ТОЧНО е дека во најголем број донираме возила во МВР, затоа што тие се грижат за нашата безбедност и треба да имаат возила.

ТОЧНО е дека донираме возила и на против пожарни служби ширум државава, кои исто така се грижат за нашата безбедност и спасуваат животи.

ТОЧНО е дека донираме и на Дирекција за заштита и спасување, кои исто така се грижат за нашата безбедност, а со ситуацијава со Ковид 19 и докажаа во дебарскиот регион дека се на НИВО на задачите!

ТОЧНО е и дека со одлука на ВЛАДА имаме донирано возило на училиште за деца со посебни потреби, за да имаат кој да ги носи и враќа од училиште.

НАЈТОЧНО е дека Агенцијата за управување со одземен имот, во не цели три години откако СДСМ е на власт, има донирано над 600 возила на државни институции. ЗА РАЗЛИКА од претходниците кои од 2009 година, откако постои Агенцијата, па сè до 2017 година не донирале ниту 300 возила вкупно за 8 години!

ТОЧНО е дека колку да не се седи бадијала, некој смислува неосновани маани и удира во празно!