Њујоршката Метрополитен опера неделава почна со изведување на бесплатната опера за бебиња – „Бамбин-О“.

Изведбите се организирани во соработка со стручни лица од њујоршкиот Универзитет Колумбија којшто ќе го набљудува однесувањето на гледачите.

„Бамбин-О“ е дело на шкотскиот композитор Лијам Патерсон. Операта која раскажува една средба меѓу пилиња и птици трае околу 40 минути и е наменета исклучиво за лица на возраст од шест до 18 месеци, во придружба на барем едно возрасно лице, се вели во најавите.

Опера на репертоарот ќе се најде од 30 април.