Democratic presidential candidate former Vice President Joe Biden speaks during a campaign event on manufacturing and buying American-made products at UAW Region 1 headquarters in Warren, Mich., Wednesday, Sept. 9, 2020. (AP Photo/Patrick Semansky)

Американскиот претседател Џо Бајден за првпат јавно се осврна на нападот на Иран против Израел во текот на викендот, велејќи дека останува фокусиран на безбедноста на Израел и постигнување примирје и договор за заложници додека работи на спречување конфликтот да се прелее во поширока регионална војна.

– САД се посветени на безбедноста на Израел. Ние сме посветени на прекин на огнот што ќе ги врати заложниците дома и ќе спречи ширење на конфликтот, рече Бајден во Белата куќа.Американскиот претседател ова го изјави на почетокот на средбаѕа со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани во Овалната соба во услови на тековната тензија во регионот и загриженоста за американските сили.

– Ние сме исто така посветени на безбедноста на нашиот персонал и партнерите во регионот, вклучително и Ирак. Партнерството меѓу Ирак и Соединетите Држави е критично, ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на Бајден.