Иманувањето на грчкиот дипломат Михал Рокас за иден амбасадор на ЕУ во Скопје за претседателската кандидатка Билја Ванковска е „чиста провокација“.

„Сега ЕУ камшикот му го дава на Грк што е чиста провокација и закана. Дали ние сфаќаме дека сме заробена држава во буквална смисла на зборот?! Кога повеќето ‘големи партии’, а и моите противкандидати се спремни да бакнат рака и да му го читаат Лисабонскиот договор, јас останувам единствен глас на отпор. Преспа мора да се раскине!“, порача преку социјалните мрежи Ванковска.

Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година