(Видео) Мирна ноќ за полицискиот час во Прилеп

435

Екипа на revolucioner.press излезе на терен во обиколка на полициските пунктови во Прилеп.

Пунктови се поставени на сите влезови на градот и на одредени точки согласно стратегијата на МВР за време на полициски час.

За време на обиколката беа евидентирани две лица кои што се движеа без потребна дозвола за движење на време на полициски час, на кои им беше издаден записник за сторениот прекршок.

Најфреквентно беше на пунктовите каде што во близина има фабрики, поради завршувањето и почнување на смена во фабриките.

Низ централното градско подрајче беше мирно, според изјавите на полициските службеници во Прилеп и во изминатиот период а и сега нема поголеми прекршувања на полицискиот час.