Авиокомпанијата „Визер“ најави дека од 1 мај воведува дополнителни мерки за хигиена за да обезбеди здравје и благосостојба на своите патници и членови на екипажот.

Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, „Визер“ воведува нови протоколи – во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.

Употребата на киосците за самостојно оставање багаж – таму каде што е достапно – и брзите траки за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, од компанијата ги замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот.

„Здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот отсекогаш биле од најголема важност за Wizz Air. Бидејќи на нашите летови пречекуваме се повеќе и повеќе патници, мерките за заштита што ги имплементираме ќе обезбедат најдобри санитарни услови. Ги охрабруваме нашите патници да го погледнат новото видео за повеќе детали за новите мерки за здравје и заштита. Веруваме дека новиот протокол на „Визер“ ќе им помогне на патниците да се чувствуваат посигурно кога патуваат со нас, а ние ќе продолжиме да служиме за потребите на нашите патници, сега со засилени мерки за хигиена“, изјави Џозеф Варади, извршен директор на „Визер“.

Додека ХЕПА филтерите на сите авиони на „Визер“ филтрираат до 99.7 отсто од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот. Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците.

„Визер“ најави дека ќе продолжи со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства.