Регистриран втор случај на заболен од Ковид-19 во КПУ Скопје.

Пред два дена објавивме дека е евидентиран прв случај на заболен од Ковид-19.

Според соопштението од Управа за извршување на санкциите Затворски полицаец од КПУ Затвор – Скопје, во слободните денови кога не бил на работно место -09.06 и 10.06.2020 год, имал благо покачена температура поради која се јавил кај својата матична докторка, но истата не сметала дека пациентот има потреба да се тестира бидејќи има воспалено грло и му препишала медикаментна терапија. Кога на 11.06.2020 год. дошол на работа, според утврдениот протокол му е измерена температура, а таа му била во нормала и немало причина за сомнение.

Некаде пред 11:00 часот истиот ден, Заповедникот на затворската полиција добил информација за претходната состојба на вработениот со покачена температура, разговарал со него со почитување на дистанца и примена на сите мерки за заштита во присуство на лекарот кој ординира во затворот. Добиени се информации за сите контакти кои ги имал на работното место, за да потоа биде ослободен од работните обврски и упатен дома, а потоа е разговарано со неговата матична докторка со цел да го упати на тестирање
и да го оправда отсуството од работа. Сите негови колеги со кои имал контакт, се исто така упатени кај своите матични доктори откако на 13.06.2020 година е добиен резултат за позитивен тест на овој затворски полицаец и до нивното тестирање сите ќе отсуствуваат од работа, а на нивно место се вклучени други затворски полицајци во работниот процес.
Според информациите кои ги добивме и второ заболениот е од Ковид-19 е од Батинци.