Еден од најтрофејните македонски кошаркари, Горан Самарџиев ќе седне на „жешкото столче“ на клупата на Работнички каде воедно ќе наследи уште една легенда на клубот, Димитар Мираковски кој доби отказ по лошиот старт на сезоната. „Центарци“ една седмица беа во потрага по тренер, начелно беше разговарано со неколку стратези, но прв избор отсекогаш беше Самарџиев, кој ќе добие шанса да ги нападне трофеите на македонската сцена како тренер на Работнички.

Кавадарчанецот голем дел од својата играчка кариера ја помина во „Градски Парк“, а сега го очекува уште една тешка задача да го врати сјајот својот клуб како во славните години кои за него се добро познати.