Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, соопшти дека е во самоизолација, откако претходно бил во контакт со лице кое во меѓувреме добило позитивен тест на ковид-19.

„Ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација со вас, да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше позитивен на тестот за ковид-19, затоа од овој момент ќе останам во самоизолација и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции“, напиша Ганиу на својот профил на Фејсбук.

Тој ги повика граѓаните да внимаваат, да се придржуваат до предвидените мерки и сериозно да ја третираат оваа тематика и предизвик, бидејќи, како што вели, состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да оди кон полошо.