Вредноста на склучениот договор, објавен на Бирото за јавни набавки, е 1.260.000 денари или околу 20.500 евра. Поединечната цена на еден таблет е 135 евра. Фирмата пак која треба да ги испорача таблетите е Друштвото за трговија и услуги АДВАНС МЕДИЈА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Тендерот бил склучен без претходно објавување на оглас, но со преговарање, бидејќи понуда доставиле две компании.

Бирото за јавни набавки дало позитивно мислење за спроведувањето на постапката без објавување на оглас, а од ДИК појаснуваат:

,,Доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат, со оглед дека набавката се однесува на стоки неопходни за реализација на Изборни дејствија поврзани со Изборните процеси кои е предвидено да се одржат во 2024 година а кои се со фиксни и непроменливи датуми на одржување”.

Од ДИК побаравме информација зошто е потребата од таблети, кои не се набавувале во досегашните изборни циклуси, а од таму ни посочија дека во нив ќе се внесуваат изборните резултати, а се со цел забразување на пребројувањето.

Во 2015 година, пак, членовите на ДИК добија таблети компјутери. Тогаш беа набавени 12 производи по цена од 713 евра за компјутер. И тогаш добитник на тендерот беше фирмата ,,Адванс медија” која доставила најниска цена.