Федералната комисија за комуникација објави дека започнува истрага во Facebook. Истрагата нема да биде јавна и ќе се истражува дали Facebook ги нарушил основите од договорот со комисијата потпишан 2011 година. Само во понеделникот акциите на компанијата паднаа над 6%.

Невољите на друштвената мрежа започнаа по објавата дека Cambridge Analytica не ги избришала податоците на корисниците на Facebook, но продолжија и потоа. Викендов Ars Technica објави дека Facebook Messenger се користи со години за собирање на податоците на корисниците на Android телефоните.

Цел на прибирањето на податоците се контактите: имињата, телефонските броеви, должината на разговорите и слично. Facebook го демантираше ова, но изворите на Ars Technica велат поинаку. Инаку компаниајта ги користи телефонските броеви за препорака на Facebook пријатели.

Она што е спорно во дадениот случај е дозволота која корисниците на друптвената мрежа ја даваат. Дел од корисниците имаат дадено дозвола пред повеќе години, на пример ако корисникот дал дозвола за Facebook апликацијата, Messenger ги наследил. Дури и ако сте ја избришале апликацијта и инсталирале повторно, дозволата која сте дале еднаш не се губи.

Претставникот на друпптвената мрежа во својот демант единствено негираше дека компанијата го прави ова без дозвола. Изворот на Ars Technicа пак тврди дека неколку пати ја избришал и реинсталирал апликацијата и никогаш не добил барање за да ги сподели контактите.

Сепак можеби најголемиот проблем на Facebook го опишува Јан Богост, во Atlantic. Тој во краток период имаше апликација на Facebook – виртуелна фарма. Благодарение на корисниците кои се логирале барем еднаш, можел со години подоцна да ги злоупотребува нивните податоци. Најголем проблем на Facebook нема да бидат податоци од апликации кои функционираат денес, туку податоци кои ќе излегуваат, а се собирани пред неколку години, кога условите за користење беа сосем поинакви.

„Facebook платформата беше кошмар за користење и за одржување. Беше креирана како ниедна дотогаш, постојано се меенуваше, а секоја недела имаше промени. Стариот код се расипуваше, наизглед без никаква причина. Некои од девелоперите беа нечесни од почетокот, а другите не можеа да се воздржат кога видоа колку милиони податоци им се на располагање, па дури и десетици милиони корисници им беа на располагање“,

Авторизирањето на корисникот се прави само еднаш. Потоа единствено се повлекуваат податоците, a девелоперот може и да повлече други податоци ако е тоа потребно.

Најголемиот проблем е што покрај огромното количество на податоци кои се на располагање, Facebook ги чува овие податоци единствено со барање до девелоперот да објави правило за заштита на приватноста. Ова се случуваше пред неколку години. Оттогаш компанијата ја презема контролата на приватноста во свои раце, но веќе е предоцна.

Дополнително, дури и денес речиси сè, се сведува на доверба. Ако како корисник се повлечете од некоја апликација, вашите податоци треба да бидат избришани. Сепак за жал, не постои никаква гаранција за ова.

Се чини дека сепак по подолго време друштвената мрежа ќе мора да се обиде да пронајде некакво, барем привидно решение.