Одлични средби со спортистите, пензионерите и здравствените работници вчера во Струмица, рече на денешната средба носителот на четвртата изборна единица, Д-р Венко Филипче.

Со пензионерите муабетот е секогаш искрен, а нивните совети се секогаш добредојдени. Зборувавме за секојдневната живеачка и зголемување на пензиите кои ги планираме во програмата.

На спортистите им порачав дека ќе бидам нивни сојузник и како пратеник ќе се залагам на инклузивност на спортот за тој да биде достапен за сите.

Секако се видов и со моите колеги здравствени работници со кои зборувавме за подобрување на здравствениот систем во целост и покачувањето на платата на лекарите.

Секогаш стојам на располагање на моите сограѓани. Не само сега како доктор туку и како пратеник ќе останам отворен за разговор, споделување грижи и совети.