Денес, европскиот караван за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе биде со граѓаните на Крушево.
Караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници.
Во 19:30 часот, претседателот Ковачевски, ќе присуствува и ќе се обрати на граѓанскиот собир како дел од кампањата за парламентарните избори  „Нема откажување од иднината “ во градскиот парк во Крушево .
Пренос во живо од митингот во Крушево ќе има на официјалните страници на Фејсбук, на профилот на претседателот Димитар Ковачевски и на СДСМ.