Во рамките на официјалната посета на Република Малта, премиерот Заев утрово имаше средба со претседателката на Малта Марија Луис Колерио Прека на која што  разговарале за зајакнување на економските релации.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, на средбата истакнал дека македонското стопанство е подготвено да го зајакне присуството на Малта преку интензивирање на соработката на стопанските комори на двете земји.

Претседателката Прека, пак, изразила поддршка околу идејата за отворање конзуларно претставништво на Република Македонија на Малта, имајќи го предвид зголемениот број  македонски граѓани кои работат таму.